Фармацевти
Контакт

<< Назад

Подочници

март 1, 2018

Како да се намалат и да се отстранатМилица Алексиќ

Подочниците не се само естетски проблем. Тие можат да бидат и сигнал дека постои некој здравствен проблем или дисбаланс во организмот, па затоа е важно да се консултирате со лекар ‒ причините може да се проблеми со бубрези, кардиоваскуларни болести, анемија. Подочниците се предизвикани и од нездрави животни навики како седечки начин на живот без редовна физичка активност, долготраен престој во затворен простор без изложување на „воздух“, неуредно спиење, недоволен внес на течности, стрес, пушење (активно и пасивно) и неумерено консумирање алкохол. Кај некои лица подочниците се од генетска предиспозиција.

Направете разлика и во консултација со лекар исклучете ги можностите дека вашите подочници се, всушност, сигнал за некој здравствен проблем, а тогаш посветете се на решавање на проблемот од естетски причини.

Спиење: Доволно сон и одење на спиење во отприлика исто време се еден од темелите за здравје, а и убав изглед, помеѓу останатото и свежо и одморено лице без подочници. Beauty sleep е израз кој се однесува на квалитетот и квантитетот на спиење. За да спиете убаво, обидете се да не јадете пред одење во кревет ‒ направете растојание од барем два часа помеѓу лесна вечера и одење на спиење во проветрена просторија.

Исхрана: Темните кругови околу очите со време ќе се намалат ако се храните здраво, секојдневно консумирате зеленчук и овошје и со самото тоа доволно минерали и витамини, избегнувајте брза храна, јадете на мир и не ги прескокнувајте оброците.

Течност: Недоволен внес на течности предизвикува различни тегоби и проблеми, од главоболка до подочници. Пијте секој ден два литра вода, консумирајте свежи сокови од овошје и зеленчук, чаеви, супи и чорби, избегнувајте засладени, газирани пијалаци и алкохол.

Престој на свеж воздух: Лошото време не треба да биде причина со денови да не излегувате од дома. Престој на воздух и прошетка се клуч за свеж изглед зашто ја подобруваат циркулацијата. Тоа е една од причините за нашиот препороден изглед после годишен одмор зашто многу повеќе време поминуваме надвор.

Шминка: Користете квалитетна шминка и задолжително отстранувајте ја пред спиење. За пределот околу очите користете наменски подлоги и пудери од проверени производители.

Продукти од кујната: Кесичките под очите можат да се намалат и така што на очите ќе ставите кругови свежа краставица, тупфери натопени во свежо млеко, ладна облога од чај од камилица.

Креми и масла: Кожата околу очите е тенка и чувствителна и бара посебна нега со хидрирачки препарати на чие пакување пишува дека се наменети токму за овој предел. Витамински, хидрирачки креми се нанесуваат со нежни движења, со натапкување. Во пределот околу очите корисно е да се нанесат неколку капки бадемово масло пред спиење.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>