Во античка Персија исцелителите не го мереле пулсот, туку го...
Менструалната болка, позната и како дисменореја, е искуство за многу...
„Брнаут-синдромот, или синдром на исцрпеност, не е обичен замор туку...
Во изминатите неколку години веројатно сте имале прилика на некои од своите омилени излетнички места да сретнете луѓе кои одат со стапови во рацете. Притоа не мислиме на стап како ортопедско помагало, туку на стапови кои со својот изглед најмногу потсетуваат на оние кои ги користат скијачите. И самите движења на овие одачи потсетуваат на скијачко трчање, а тоа не нè чуди со оглед на тоа дека оваа спортска дисциплина, всушност, е развиена како вид летен тренинг за скијачи.
Лумбоишијалгија (ишијас) е синдром кој се манифестира со болка во долниот дел од грбот, долж едната или двете нозе. Болката во крстот , после главоболката е најчеста појава кај човечката популација. Ишијасот е термин за воспаление на нервус ишијадикус. Ишијадикус е најголем периферен нерв во телото, со дебелина на мал прст, а го формираат пет гранки корени на нервите, од 4 лумбален прешлен до 3 сакрален.
Боењето свилени марами дава безгранични можности за играње со боите, фантазијата и различните техники. Додека класичните техники подразбираат употреба на восок и користење рамки конструирани така што марамите ќе се распнат над нив, ние се одлучивме за нешто поедноставен пристап кој одзема помалку време. Трпението, секако, е неопходно при изработка на ова забавно хоби, но крајниот резултат секогаш вреди за вложениот труд.
Овие лекови внесоа револуционерна промена во медицината, а заедно со масовната вакцинација придонесоа за успешно лекување и искоренување на многу болести.
Изнемоштеност, безволност, болки во зглобовите, нервоза, главоболка, хронично чувство на ненаспаност, како и бројни други проблеми, претставуваат симптоми со кои многумина од нас се соочуваат со доаѓањето на пролетта.
Во животната арена се соочуваме со тешки ситуации и со луѓе, изложени сме на психичко насилство, вербални манипулации и провокации. Нè стигнуваат отровни коментари, љубоморни стрели и напади на пасивна агресија на лица од опкружувањето (роднини, пријатели, колеги).
Патничкиот авион Боинг 787-9, на летот на компанијата Вирџин Атлантик од Лос Анџелес до Лондон, неодамна стигнал на целта цели 48 минути порано отколку што тоа е вообичаено. За ова придонел силниот ветер со чија помош Боинг, чија нормална брзина е околу 900 км/ч, достигнал неверојатни 1 289 км/ч. Во коментарот за пробивање на звучниот ѕид капетанот на авионот, Питер Џејмс, рекол: Никогаш не сум видел ништо слично во целата своја пилотска кариера.
Припадниците на кинескиот народ Хак веќе речиси илјада години сложно живеат во големи земјени згради кои се нарекуваат тулоу. Во централниот дел од зградата се наоѓа отворен простор. Најголемите имаат до пет ката, а ѕидани се така што ги исполнуваат сите потреби на жителите. Повеќето од овие градби биле напуштени за време на периодот на индустријализацијата, но нивните жители се вратиле по порастот на туристичкото интересирање за зградите. Она што најмногу им недостигало во текот на животот во градот било чувството на припадност кон заедницата. Вкупно 46 тулоу згради се ставени под заштита на УНЕСКО.
Жителите на Јужна Каролина навикнале животниот простор да го делат со алигатори. Меѓутоа, појавата на два примерока од овој вид обоени во портокалово ги збунила сите кои ги виделе во езерцето во гратчето Блуфтон. Научниците објаснуваат дека причината за ваквата појава најверојатно лежи во тоа што алигаторите се трудат да пронајдат сигурно место за зимска хибернација. Доколку тоа место е покрај ’рѓосани цевки кои испуштаат отпадни води во езерото, алигаторите стануваат портокалови од ’рѓата.
Тим составен од британски и белгиски лекари во Лондон извел вистинско чудо на модерната медицина. Тие ја оперирале 26-годишната Бетани Симсон, која би требало да се породи во април, поточно кажано, го оперирале нејзиното неродено бебе. Кај бебето е установена дијагноза тежок облик на спина бифида, пореметување во развојот на ’рбетниот мозок. Во над 80 % од случаите кај ваквата дијагноза се советува прекин на бременоста. Меѓутоа, тимот од хирурзи упеал да го оперира бебето и по интервенцијата да го врати во матката, каде ќе продолжи да се развива до породувањето. Ова е четврти случај на изведување ваква операција во Велика Британија. Комплицираната хируршка процедура првобитно е развиена во Белгија, а лекарите се надеваат дека во иднина ќе можат да помогнат на поголем број бебиња со ваква тешка дијагноза.