Во античка Персија исцелителите не го мереле пулсот, туку го...
Менструалната болка, позната и како дисменореја, е искуство за многу...
„Брнаут-синдромот, или синдром на исцрпеност, не е обичен замор туку...
Прекумерната тежина е причина за бројни здравствени проблеми, затоа е неопходно што побргу да преземеме чекори кои ќе доведат до нејзино намалување.
Најрано откриените траги за користење на скиите водат во далечното минато. Со сигурност се знае дека жителите на Скандинавскиот Полуостров ги користеле пред два милениума. Меѓутоа, постојат и истражувања според кои уште пред 10 000 години на подрачјето на денешна Кина луѓето користеле парчиња дрво прицврстени за нозете за да ги совладаат снежните пространства.
Иако многумина решението против глобалното затоплување го бараат во добро изладено пиво, овој ширум планетата омилен пијалак, всушност, е загрозен. Порастот на температурата го намалува приносот на јачмен што ќе доведе до скок на неговата цена и пад на производството во пиварниците. Некои научници сметаат дека овој вид на предупредување најделотворно може да ја пробуди свеста за потребата од решавање на проблемот со глобалното затоплување.
Црвеноопашната блатарка (Limosa lapponica) е птица способна за неверојатни подвизи. Со следење на означени единки научниците дошле до податоци дека овие птици се во состојба да прелетаат преку 11 000 км без пауза за помалку од десет дена. Ова далечина е еднаква на четвртина од обемот на Земјата. Во текот на патот од Нов Зеланд до северна Кина овие птици запирале да земат храна, што само ја зголемува вредноста на нивниот подвиг.
Подолго време во научната јавност се зборува за кинескиот проект „Вештачка Месечина“. Идејата се состои во лансирање сателит кој би осветлувал одредена површина во западна Кина, а мислењата за овој проект се спротивставени. Се спомнува дека е во прашање градот Ченгду, кој е еден од трите најгусто населени града во тој дел на Кина. Компанијата Aerospace Science and Technology планира да го лансира сателитот до крајот на 2020 година. Неговото светло би требало да биде осум пати појако од светлината на полна Месечина, а поборниците на овој проект се надеваат дека во потполност ќе успеат да го заменат јавното осветлување. Противниците на вештачката Месечина истакнуваат дека изложеноста на силна вештачка светлина пред спиење може да го намали квалитетот на сонот и да доведе до сериозни здравствени нарушувања.
Градските власти на Барселона во 2015 година започнале преговори за статусот на прочуената градба. Имено, повеќе од 130 години ова ремек-дело на архитектурата се гради без потребни дозволи. Парцелата на која се наоѓа во 1995 година е означена како празна, во сопственост на црквата. Краен договор е постигнат и во градската каса ќе бидат уплатени 36 милиони евра. Средствата ќе бидат употребени за подобрување на градскиот превоз.
Отровот од средоземната жолта скорпија е предмет на бројни медицински истражувања. Се очекува дека неговата примена ќе биде од корист во идентификација на големината и местата на кои се наоѓа канцерот. Отровот се извлекува рачно, а една скорпија во просек може да произведе до два милиграми. Поради тежината на собирањето и зголемената побарувачка еден галон (околу 3,8 л) достигнува цена од 34 милиони евра.
Доаѓањето на постудените денови пред нашата кожа поставува бројни предизвици.
Студот и ветерот ја сушат, слоевите од гардеробата ѝ оневозможуваат да биде во контакт со посвеж воздух, додека престојот во затворени простории со сув воздух само дополнително ја влошува ситуацијата. За среќа, постојат решенија од природата кои може да ни помогнат.
Сезоната на новогодишните празници е период исполнет со посебен вид радост и возбуда. Се подготвуваат подароци за најдрагите, се прават планови за пречекот на Новата година, се носат важни одлуки за следните месеци и се размислува за уште многу работи. Покрај сето тоа, секаде во воздухот се чувствуваат позитивни вибрации, а, се разбира, дека и ние сами сме заслужни за нивното ширење.
Остеоартритис е еден од најчестите здравствени проблеми и се карактеризира со уништување на ’рскавицата на зглобовите. Ова за последица има отежнато изведување на движење со болка, или потполна вкочанетост на зглобовите.