Фармацевти
Контакт

Совети за здравје

Совети за Вашето здравје

Гласот како прозорец кон здравјето Од древна Персија до современата наука

Во античка Персија исцелителите не го мереле пулсот, туку го...

Менструалната болка: Што ни кажува телото и како да реагираме

Менструалната болка, позната и како дисменореја, е искуство за многу...

Брнаут – кога уморот станува хроничен и телото почнува да зборува

„Брнаут-синдромот, или синдром на исцрпеност, не е обичен замор туку...

ИНТОЛЕРАЦИЈА НА ЛАКТОЗА

Интолеранцијата на лактоза е неможност за варење на млечниот шеќер – лактоза. Кај повеќето луѓе способноста за варење на лактозата се намалува веќе по втората година од животот.

Категорија: Здравje

октомври 22, 2018

МЕДОТ ВО СЛУЖБА НА УБАВИНАТА

Медот се користи во исхраната на човекот уште од времето на неолитот. Веќе во стариот Египет доаѓаме до податоци за организирано одгледување пчели, а овој многу корисен инсект бил и задолжителен дел од знаците нацртани на гробниците на фараоните. Уште тогаш медот е употребуван и за разубавување.

Категорија: Убавина

октомври 1, 2018

СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО ОСМАТА ДЕЦЕНИЈА

По прославата на својот седумдесетти роденден и одењето во пензија, Мароканецот Лехасан ес Шакири решил дека е време да го заврши средното училиште. Овој упорен човек во детството морал да го напушти школувањето поради тешката материјална ситуација, но никогаш не престанал да чита и самостојно да се образува. Во текот на животот научил француски и германски јазик, а се надева дека по завршувањето на средното училиште ќе успее да запише и студии по социологија.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ДИЈАМАНТИ НА СИГУРНО

Масачусетскиот институт за технологија објавил резултати од истражување според кои под површината на нашата планета лежат наоѓалишта со неколку милијарди тони дијаманти. Ова е само донекаде добра вест, со оглед на тоа што споменатите залихи се наоѓаат на длабочина од 145 до 240 километри. Моментната технолошка опременост не ни дозволува да дојдеме до ова богатство, а единствена шанса за нивно излегување на површината е вулканска ерупција од големи размери.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ФОРМУЛА 1

Оваа година се одржува 69. по ред натпреварување во рамките на Светскиот шампионат во Формула 1. Овој, по мислење на многумина, најлуд и најбрз „циркус“ во светот своето постоење го започнал далечната 1950 година. Учесниците на првата трка на Формула 1 се натпреварувале во брзина и во возачка умешност на улиците на гратчето По во францускиот дел на Баскија. Првиот победник во историјата на ова натпреварување бил Италијанецот Џузепе Фарина, а победата ја освоил во својата алфа. Овој податок и денес со гордост ќе го истакне секој сопственик на оваа марка автомобили.

Категорија: Спорт

октомври 1, 2018

ХРАНА КОЈА ЈА НАМАЛУВА АНКСИОЗНОСТА

Симптомите како напнатост, страв, претерана загриженост околу секојдневните проблеми, пречки во концентрацијата, згрченост на мускулите и стегање во градите укажуваат на анксиозност. Во консултација со лекар е можно некои од овие симптоми да се ублажат или целосно да се отстранат со промена на животните навики. Правилната исхрана е еден од клучните фактори во одржување на доброто здравје, така што не треба да нè чуди што на листата на намирници кои се препорачуваат во борба против анксиозноста се наоѓаат стандардните состојки на здравите диети. Јаткасти плодови, семки од тиква, риби богати со омега-3 масни киселини, јајца како извор на протеини, витамин Д и триптофан кој е прекурсор на серотонинот, би требало да бидат што почесто на трпезата. Истото важи и за куркумата, јогуртот и црното чоколадо. Умереноста е, секако, препорачлива, како и редовната физичка активност.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ГОЛЕМА ТРКА НА ПОЛЖАВИ

Трката на полжави традиционално се одржува во Велика Британија уште од 1960 година. Овогодишниот победник бил полжавот Хост кој го добил името по растението што го пронашол неговиот сопственик. На натпреварувањето се појавуваат и полжави посебно одгледувани за оваа прилика, но сè уште не успеваат да го надминат рекордот од 1995 година. Тогаш полжавот со име Арчи ја поминал стазата долга 33 сантиметри за неверојатни 2 минути и 20 секунди. Трката почнува со извикот: „Подготви се, внимание, полека!“ Победникот добива сребрена чинија полна со зелена салата.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ВИЕНА СЕ БОРИ ПРОТИВ ПОТКОВИЦИТЕ

Градските власти во Виена објавиле податок кој укажува на тоа дека коњите кои ги влечат кочиите наскоро би можеле да добијат пластични потковици. Овој старински начин на превоз е многу популарна туристичка атракција. Меѓутоа, според тврдењата на градските власти, металните потковици годишно прават штета на асфалтот во висина од 700 000 евра. Во решавање на проблемот е вклучен и ветеринарниот факултет и моментно се тестираат четири вида пластични потковици.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ХРОНИЧНО ВОСПАЛЕНИЕ НА ПРОСТАТАТА

Простатата е жлездест, добро васкуларизиран орган, подложен на периодична физиолошка конгестија (прилив на крв во ткивото поради процес на мокрење, дефекација, коитус) и често е место на акутна и хронична инфекција. Поради својата положба е подложна на инфекции чиј почеток е во мочниот меур и мочниот канал. Градена е од жлездено и мускулно ткиво. Се наоѓа под мочниот меур, пред ректумот и го обвиткува почетниот дел од мочниот канал. Главна функција ѝ е производство на секрет кој влегува во состав на семената течност. Има големина и облик на костен, со просечна тежина од околу 20 грама.

Категорија: Здравje

октомври 1, 2018

ДИСКУС ХЕРНИЈА

Анатомски гледано, меѓупрешленските дискови се состојат од желатинозно јадро богато со вода и периферен фиброзен прстен кој на дискот му дава цврстина. Под дејство на разни фактори како што се: стареење, генетски предиспозиции, оптоварување, неправилно држење на телото при подигање товар, ревма, воспалителни болести, а понекогаш и без јасно дефинирани причини, доаѓа до дегенерација на дискот и пукање на јадрото и прстенот.

Категорија: Здравje

октомври 1, 2018