Во античка Персија исцелителите не го мереле пулсот, туку го...
Менструалната болка, позната и како дисменореја, е искуство за многу...
„Брнаут-синдромот, или синдром на исцрпеност, не е обичен замор туку...
[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/07/betty-mkd-avgust-naslovna.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][mk_fancy_title color="#15397f" size="30" font_weight="bold" margin_bottom="0" font_family="none"]ДРИТОН ВЕЈСЕЛИ[/mk_fancy_title][mk_fancy_title tag_name="h3" color="#393836" size="20" font_weight="bold" margin_bottom="0" font_family="none"]Поминувајте ги деновите со насмевка Број 54, август 2018.[/mk_fancy_title] Дритон Вејсели, младиот актер кој публиката најмногу го препознава како Талат од телевизиската серија „Преспав“, ексклузивно за BETTY магазин открива како ја добил улогата која отвори простор до израз да [...]
Без разлика дали на одмор сте тргнале со сопствен автомобил или патувате со автобус, воз, авион, никако не би требало да тргнете гладни. Од друга страна, водете сметка да не се прејадете. Ова посебно се однесува на возачите, затоа што таквата состојба доведува до пад на концентрацијата. Исто така, значајно е веќе од вечерта пред тргнување на пат вашите оброци да бидат лесни и лесно сварливи, како мусли, немасно месо и салата од зеленчук. Избегнувајте зачинета и масна храна, алкохолни пијалаци и намирници кои тешко се варат. Консултирајте се со својот лекар и фармацевт околу изборот на препарати против мачнина, доколку имате такви проблеми во текот на возењето. Од нив можете да добиете и препорака за пробиотски препарати. Важно е да направите избор кој најмногу одговара на вашите потреби.
Морската сол била составен дел од древните козметички рецепти. Денес оваа сол има широка примена, вклучувајќи ги во последно време сè попопуларните „солени соби“. Престојот во нив доведува до опуштање и има благотворно дејство на дишните патишта. Но што е тоа што ја разликува морската сол од обичната камена сол?
Се проценува дека 20 проценти од паровите имаат проблем со зачнување. Кај жената неплодноста има многу можни причини, вклучувајќи полово преносливи болести, ендометриоза, пореметување на менструалниот циклус проследено со дебелина, хормонски пореметувања и изостанување на овулација, непроодност на јајчниците. Може да постојат и други проблеми. Порастот на старосната доба на бремените жени е значајна причина, затоа што жените раѓаат на постара возраст, така што ризикот од неплодност расте.
Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица ‒ Голема Богородица на 28 Август, Берово станува најпосетено место во Малешевијата. Во организација на Општина Берово се одржува еден од најголемите фестивали на отворено во Македонија и пошироко ‒ Етно плоштад фестивал. Тие три дена додека трае Фестивалот, домаќините и посетителите можат да уживаат во звуците на музиката, како од Балканот, така и од многу земји од светот.
Летните топли денови се повик за сите разладувањето да го пронајдат во вода. Без разлика дали е во прашање базен, река, езеро или море, секогаш е актуелна опасноста од појава на воспаление на увото. После капење и пливање може да се појават симптоми како што се чувство на затнатост, непријатен шум и слух кој е ослабен, а тие во рок од 24 часа можат да прераснат во силна болка. Во тој случај без двоумење во најкраток можен рок посетете лекар.
Секој од нас ги почувствувал изгорениците од сонце. Црвенило, болка и затегнатост на отечената кожа со меури често нè терале да се запрашаме дали навистина толку сонце ни било потребно. Кај потешките изгореници можна е состојба слична на грип, проследена со мачнина, температура и главоболка. Кожата кумулативно ги собира оштетувањата од сончањето во текот на животот, затоа велиме дека „кожата памти“. Долготрајната изложеност на сонце во текот на животот може да доведе до појава на брчки, сува кожа, темни дамки, па дури и рак на кожа. Докажано е дека постои поврзаност помеѓу зачестеното изложување на сонце во детството и појава на поголем број бенки подоцна во животот. Речиси половина од сончевите зраци ги апсорбираме во периодот на детството и адолесценцијата, така што е посебно важно да се заштитат децата од изгореници.
Во текот на потрагата по исчезнатиот малезиски авион се откриени останки од едреникот Сан Хозе, кој е потопен пред повеќе од 300 години, во судир на британската и шпанската морнарица. Локацијата на бродот потонат во Карипското Море долго важела за „свет грал“ за трагачите по изгубено богатство, со оглед на тоа дека Сан Хозе носел товар полн со злато, сребро и скапоцени камења. Вредноста на богатството е проценета на 17 милијарди долари и за него водат спор неколку држави и компании.
Француската Агенција за јавно здравје неодамна ги соопштила резулатите од истражувањето спроведено во текот на 2016 и 2017 година. Во тој период бројот на пушачи од 13,2 милиони е сведен на сè уште загрижувачки 12,2 милиони жители на оваа европска земја. Ваквиот нагол пад не е забележан во истражувањата кои во текот на претходните десет години биле редовно спроведувани. Еден од главните „виновници“ за ваквите резултати се најверојатните опсежни мерки против пушење кои ги поддржуваат и ги спроведуваат надлежните институции во Франција. Овие мерки подразбираат зголемување на цените на цигарите, како и одреден надомест за пушачите кои се определиле за производи што се замена за цигарите. Најголем пад на корисниците на тутун е забележан кај популацијата која има ниски приходи, како и меѓу тинејџерите.
Нил Џемел, научник од Нов Зеланд, го предводи тимот кој ќе земе 300 примероци од водата од различни локации на езерото Лох Нес. Примероците потоа ќе бидат внимателно анализирани, а резултатите би требало да го прикажат биодиверзитетот на анализираната вода. Сите жители на езерото во текот на животот во него оставиле траги од својот генетски материјал. Научниот тим очекува на овој начин конечно да се открие мистеријата на постоењето на прочуената Неси, со оглед на тоа што резултатите ќе бидат споредувани со сите познати видови.