Добре дојдовте во јануари! Месецот кога ги отвораме новите страници...
Новогодишните и божиќните празници претставуваат период на интензивна социјализација, зголемени...
Настинката и грипот се меѓу најчестите сезонски инфекции, особено во...
Швајцарските научници после испитување на остатоци на метеорит кој експлодирал над северен Судан во 2008 година, заклучиле дека тоа небеско тело, всушност, е остаток од „прото планета“, една од десетината планети кои постоеле во нашиот Сончев систем. Дијамантите пронајдени во испитаните примероци може да настанат само под притисок поголем од 20 гигапаскали, што се услови можни само во внатрешноста на големите планети. Ова откритие оди во прилог на теоријата според која денешните планети настанале од остатоци од некогашни небески тела. Тие биле со големина на Марс, со текот на времето срастувале во поголеми планети, се губеле во меѓусебни судири, судири со Сонцето, или заминувале надвор од границите на Сончевиот систем, пред повеќе милијарди години.
Властите во градот Даје, во кинеската провинција Хубеј, решиле непријатно да ги изненадат пешаците кои поминуваат улица на црвено светло. На пет пешачки премини во овој град инсталирале посебни уреди кои емитираат звучно предупредување на пешаците за тоа дали им е дозволен премин. Во случај пешакот, сепак, да тргне преку улица кога не му е време, уредот го прска со млаз вода.
Џек Рејнолд, Британец во години, својот 106 роденден го прославил на, по малку, невообичаен начин за својата возраст. Резултат на тоа е неговиот влез во Гинисовата книга на рекорди, каде е запишан како најстара личност која се спуштила со зиплајн. Спустот бил долг 400 метри, сајлата поставена на 60 метри висина, а Џек „летал“ со брзина од 65 км/ч.
Во текот на бременоста детето престојува во совршени услови, мајчиното тело го грее и го штити од надворешни влијанија. Кожата е негов најголем орган, созрева заедно со него. Нероденото дете плива во амнионската течност, заштитено е од неа со слој на маснотија, кој заедно со влакненцата го покрива целото тело. Се развиваат потни и лојни жлезди, како и нервни завршетоци кои го известуваат за температурата, допирот, болката. По раѓањето кожата е тенка, розеникава, со сложена структура која се навикнува на предизвиците на надворешната средина.
Често забораваме дека кожата е нашиот најголем и најизложен орган кој има површина од 1,5 до 2 квадратни метри. Многу промени на кожата можат во нас да пробудат страв, како што се, во најголем број случаи, бенки и дамки.
Одговорот на прашањето од насловот е едноставен: да се постигне баланс, поточно дефицит помеѓу внесот и потрошувачката на енергија. Иако одговорот е едноставен, не е лесно да се постигне резултат. Прво треба да се совлада мрзеливоста, која нè спречува да се придвижиме. Многумина по само две-три недели се откажуваат од диета. Поради тоа многу е важно психички да се подготвите и да истраете во напорите да се постигне саканиот резултат.
Интернетот е дел од секојдневниот живот и е составен дел од растењето на младите и децата. Иако постојат многу предности и погодности кои ги носи, не треба да се занемари големиот број проблеми кои се појавуваат со овој глобален феномен.
[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/05/mk-casopis-intervju-naslovna-jun.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][mk_fancy_title color="#15397f" size="30" font_weight="bold" margin_bottom="0" font_family="none"]ПЕТАР ГРАШО[/mk_fancy_title][mk_fancy_title tag_name="h3" color="#393836" size="20" font_weight="bold" margin_bottom="0" font_family="none"]Кошаркар пред микрофонот Број 52, јуни 2018.[/mk_fancy_title] Музичката кариера ја започнал многу млад, како автор на песни за Оливер Драгојевиќ и Дорис Драговиќ, по што и сам застанал пред микрофонот, па триумфирал на „Задарски фестивал“. Се редат хитови како [...]
Клима-уредите станаа составен дел од нашето животно опкружување. Работиме во климатизирани простории, живееме во климатизирани станови, се превезуваме со благодетите на разладувањето. Престојуваме во трговски центри и маркети, стоиме пред шалтери, и сето тоа под брановите на разладен воздух. Меѓутоа, се поставува прашањето за квалитетот на тој воздух.
Болката во нозете може да биде од различно потекло. Често е последица на ревматски заболувања на скелетните мускули или болести на нервниот систем. Сепак, статистиката вели дека дури 70% од луѓето кои ќе се јават на лекар со симптом на тешки и болни нозе имаат, всушност, еден од стадиумите на венски болести.