Фармацевти
Контакт

Совети за здравје

Совети за Вашето здравје

Како да се заштитите од убоди од инсекти на одмор

Летото носи многу убавини – сонце, море и релаксација. Но,...

Уринарни инфекции – сериозен аларм кој не смее да се игнорира

Уринарните инфекции се едни од најчестите инфекции кај женската популација,...

Што е неплодност и како да се препознае

Како се дефинира неплодноста Неплодноста е медицински услов што се...

ТУРИСТИ УНИШТУВААТ ФОСИЛИ

Управата на националниот парк Ред Флит во Јута, САД, предупредила на тоа дека туристите, мислејќи дека фрлаат камења во локалното езеро, всушност, ги уништуваат фосилните остатоци стари околу 200 милиони години. Во текот на последната година се исчезнати повеќе од десет праисториски остатоци од раптори. Во обид да се поправи штетата, ангажирани се нуркачи. Меѓутоа, драгоцените фосили се или скршени поради удар, или неповратно оштетени од дејството на водата.

Категорија: Љубопитно

јули 1, 2018

СОБА СО ПОГЛЕД НА МОРЕ

Иако сленгот „спиење со риби“ од холивудските филмови со мафијашка тематика има негативно значење, во прашање, сепак, е нешто сосема друго. Островот Рангали, дел од преубавите Малдиви, е место на кое е сместен хотелот Мурака. Ова луксузно одморалиште на своите гости им нуди бројни погодности, но и единствена прилика за престој во соби сместени пет метри под нивото на Индискиот Океан.

Категорија: Љубопитно

јули 1, 2018

ДИВИТЕ ЖИВОТНИ ОД ЊУЈОРК

Се проценува дека во Њујорк моментално живеат повеќе од 600 видови диви животни. Нивната популација е во пораст во последниве 30 години. Живеалиштата им се главно распоредени во паркови во кои е забранет лов, а се простираат на 11735 хектари. Бројот на ракуни се мери со илјадници. На Стетен Ајленд живеат околу 2000 елени. Којотите се сеприсутни, а фоките можат да се видат на карпите од заливот Пелхам во Бронкс.

Категорија: Љубопитно

јули 1, 2018

ОПАСНОСТИ ЗА КОЖАТА НА ЛЕТУВАЊЕ

Долго очекуваниот одмор е пред вас. Без разлика дали сте се упатиле кон морски, езерски или речен брег, или можеби сте тргнале кон планинските врвови, ве очекуваат сите предности на промената на опкружувањето. Меѓутоа, постојат одредени ризици кои секое патување ги носи со себе. Посебно загрозена во летниот период е нашата кожа, како резултат на меѓусебна спрега на повеќе различни влијанија.

Категорија: Убавина

јули 1, 2018

BETTY МАГАЗИН, ЈУЛИ 2018

[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2018/06/naslovna-betty-jul-2018-mk.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][mk_fancy_title color="#15397f" size="30" font_weight="bold" margin_bottom="0" font_family="none"]ИГОР АНГЕЛОВ [/mk_fancy_title][mk_fancy_title tag_name="h3" color="#393836" size="20" font_weight="bold" margin_bottom="0" font_family="none"]Се трудам да не го изгубам детето во себе Број 53, јули 2018.[/mk_fancy_title] Актерот кој е миленик на децата, а со своите улоги ја освојува и почитта на  возрасните, Игор Ангелов, ексклузивно за  BETTY магазин открива детали за [...]

Категорија: Списание BETTY

јули 1, 2018

АЛЕРГИСКИ РИНИТИС

Алергиски ринитис е воспалителна реакција на носната слузница која се јавува после допир со алергени од околината. Некои луѓе имаат алергиски ринитис само во одреден период од годината, напролет или наесен (сезонски ринитис или поленска треска). Некои луѓе може да го имаат во кој било период од годината (несезонски ринитис или целогодишен). Според податоците на Светската здравствена организација, 10-25% од луѓето во светот имаат некој облик на алергиски ринитис.

Категорија: Здравje

јули 1, 2018

ЛЕТНА РЕКРЕАЦИЈА

Шумот од брановите и мирисот на морето обично нè асоцираат на опуштено лежење на пешкир или лежалка. Колку и да е тоа примамливо, сепак, би било добро да ги искористиме сите предности на престојот на свеж морски воздух. Тоа значи дека покрај пливање, секојдневно би можеле да направиме и неколку едноставни вежби.

Категорија: Спорт

јули 1, 2018

ВО СРЦЕТО НА ОХРИД

На едно од најубавите места на брегот на Охридското Езеро, изградена на висока карпа во стариот дел на Охрид, над некогашната рибарска населба Канео, се наоѓа црквата Свети Јован Богослов. Всушност, најпрепознатливата фотографија од Охрид е онаа на која е фотографирана црквата на Канео.

Категорија: Патување

јули 1, 2018

НУРКАЊЕ ВО ПЕШТЕРИ

Недостапните места на нашата планета отсекогаш ги интригирале љубопитните меѓу нас. Неистражените копнени пространства со текот на времето се намалувале. Фокусот на јавноста со вселенските летови е свртен кон ѕвездите, и дури во последниве дваесетина години се зголемило интересирањето за подводниот свет. Широката јавност главно се прашувала што има под брановите дури по гледањето на филмот „Титаник“.
Нуркањето како рекреативна активност има бројни поклоници ширум планетава, а туристичките центри во својата понуда обично имаат тури за нуркање кои вклучуваат брзинска обука за користење основна опрема.

Категорија: Спорт

јули 1, 2018

АПТЕКАРСКО ЛЕКУВАЊЕ СТОМАЧЕН ВИРУС

Почнува како лесна треска која се спушта низ ’рбетот и го зафаќа абдоменот. Прво личи на настинка, бидејќи обично се јавува малку покачена температура. Проследена е со чувство на непријатност во стомакот кое преминува во стегање, што има за последица мачнина. По неколку часови исклучително непријатно чувство го зафаќа стомакот, придружено со грчеви и гасови, што подоцна може да се манифестира како гадење на храна и вода, нагон за повраќање, а обично се јавуваат и тешки, зачестени водени дијареи.

Категорија: BETTY фармацевт

јули 1, 2018