Добре дојдовте во јануари! Месецот кога ги отвораме новите страници...
Новогодишните и божиќните празници претставуваат период на интензивна социјализација, зголемени...
Настинката и грипот се меѓу најчестите сезонски инфекции, особено во...
Утрото е идеално време за размрдување и вежбање. Доколку ја усвоите оваа корисна навика, вашите денови ќе се одвиваат во ритамот на позитивните вибрации. Секако поподготвени ќе се соочувате со секојдневните професионални предизвици, а ќе го подобрите и вкупниот здравствен статус.
Меѓу нас постојат луѓе кои едноставно не можат без возбудувања. Ним не им се доволни предизвиците кои ги нуди секојдневиот живот. Тие секогаш бараат повеќе, а екстремните спортови токму тоа и им го нудат. Скок во бездна дефинитивно никого не може да го остави рамнодушен.
Бременоста претставува предизвик дури и за целосно здрав организам. Природата обезбедила сложени механизми кои на жената ѝ помагаат да се избори со сите промени низ кои нејзиното тело минува, од забременување до постпородилниот период. Меѓутоа, постојат и ситуации кои бараат дополнително внимание на лекарот.
Секое дете има свој ритам на развојот на моторните и менталните вештини. Некои способности се наследуваат, а некои се учат преку безброј неуспешни обиди. Во секој случај, улогата на родителот е од голема важност за правилниот развој. Не е потребно да се планираат „часови“ за учење, одење или зборување, туку во секојдневната грижа за детето употребете ги сите свои вештини за да ве следи, да ве имитира и да добие предизвик да се обиде во нешто ново.
Адолесценцијата е фаза на растење и созревање на детето која се карактеризира со многу промени, како за самиот адолесцент, така и за неговото опкружување. За детето да стане возрасна личност, самостојна и одговорна индивидуа, мора да помине низ многу промени (телесни, емоционални, сексуални, психосоцијални и когнитивни) и мора на најдобар можен начин да ги интегрира во својот идентитет.
Седењето во затворени простории, лоши навики во исхраната, како јадење „од нозе“, брза храна и неизбалансирани оброци, и штетни ефекти од чадот од цигарите на кој секојдневно сме изложени, влијаат на насобирање токсини во нашиот организам и формирање слободни радикали кои се одговорни за појава на многу заболувања. Антиоксидантите може да ни помогнат да се избориме со нив.
Убавите и сончеви денови просто нè мамат секој слободен момент да го поминеме во природа со своите најблиски. Меѓутоа, тоа лесно може да се претвори во проблем. Предизвикувач на бројните пролетни и летни неволји е малиот здодевен – крлеж.
Нашите секојдневни активности може да бидат многу отежнати доколку страдаме од ревматоиден артритис. Ова автоимуно заболување најчесто ги зафаќа зглобовите на шаките и стапалата, а многу ретко крупните зглобови. Хроничното воспаление со тек на време доведува до иреверзибилни анатомски оштетувања на зглобовите и околните структури со појава на карактеристични деформации
Гнездата на африканските птици-ткајачи настануваат така што вредните птици преплетуваат трева, создавајќи структура која им нуди сигурен дом. Интересно е дека во тој процес се користат сите основни плетки кои луѓето ги користат во изработкка на ткаени материјали. Овие птици се многу друштвени, а нивните гнезда чесо се и дом за неколку други видови птици. Африканскиот пигмејски сокол е еден од најчестите корисници на ова сместување.
Замаглените локации на мапите на Google ги инспирираат љубителите на мистерии. Островот кој го открил капетан Кук долго бил нацртан на картите на Пацификот, додека картографите не престанале да го внесуваат во мапите. Google прво ја „зацрнил“ таа локација, а денес е прикажана замаглено. Бродот кој таму е испратен во текот на 2012 година официјално ништо не пронашол, а нам ни останува само да се прашуваме што, всушност, открил капетан Кук.