Фармацевти
Контакт

Совети за здравје

Совети за Вашето здравје

Гласот како прозорец кон здравјето Од древна Персија до современата наука

Во античка Персија исцелителите не го мереле пулсот, туку го...

Менструалната болка: Што ни кажува телото и како да реагираме

Менструалната болка, позната и како дисменореја, е искуство за многу...

Брнаут – кога уморот станува хроничен и телото почнува да зборува

„Брнаут-синдромот, или синдром на исцрпеност, не е обичен замор туку...

МИГРЕНА

Иако ова е честа болест која во светот ја намалува работната способност и доведува до променет квалитет на живот, денес постојат современи методи на лекување со помош на кои мигрената се држи под контрола, со превенција на напади и продолжен период без тегоби.

Категорија: Здравje

ноември 1, 2018

ДИЈАБЕТЕС КАЈ МЛАДИТЕ

Редукцијата на телесна тежина кај дебелите лица со преддијабетес и дијабетес е составен дел од лекувањето.

Категорија: Здравje

ноември 1, 2018

ДЕСЕРТ БЕЗ ШЕЌЕР

Прекумерен внес на шеќер може да доведе до сериозни здравствени пореметувања, затоа е добро да се избегнува или барем неговата употреба да се сведе на најмала можна мера.

Категорија: Здравje

ноември 1, 2018

ВАКЦИНАЦИЈА

Успехот од искоренувањето на некои заразни болести го должиме на усовршувањето на технологијата за производството на вакцини – денес се произведуваат вакцини со висок степен на имуногеност, а со низок степен на несакани дејства.

Категорија: Здравje

ноември 1, 2018

СТРЕСОТ И КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ

Учењето нови вештини нè прави поспособни да се избориме со секојдневните предизвици. Стресот не е можно да се избегне, но е можно да се победи.

Категорија: Здравje

ноември 1, 2018

НАЈВИСОК ДРВЕН СОЛИТЕР НА СВЕТОТ

Во текот на идната година во Норвешка ќе биде завршена изградбата на највисоката зграда во светот со дрвена конструкција. Сместена стотина километри северно од Осло, на брегот на езерото Мјос, овој градителски потфат ќе биде висок 85,4 метри, и ќе има осумнаесет ката. Во изградбата е користено ламинирано дрво, а поборниците на ваквата градба тврдат дека тоа е еколошки исправно решение кое ќе влијае на намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018

ДАЛИ АТЛАНТИДА Е ЗАТРУПАНА СО ПЕСОК?

Добата на вселенски летови даде увид во деталите на пределите на Земјата кои не е можно да се познаат од тлото. Еден од примерите на таквите откритија е т.н. „око на Сахара“, мистериозна кружна трансформација со пречник од 40 километри која се наоѓа на територијата на Мавританија. Геолошката формација Ришат се состои од неколку концентрични прстени со правилен облик. Додека некои научници се уверени дека тоа е последица на поместување на континенталните плочи, други веруваат дека токму тука е скриена Атлантида.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018

ЧОВЕКОТ КОЈ СПАСИЛ ОСТРОВ

Индиецот Јадав Пајенг над 30 години од својот живот ги посветил на пошумување на островот Мајули на реката Брамапутра. Како резултат на сечење на шумата и ерозија во текот на минатиот век дошло до намалување на островската површина. Индиската влада започнала процес на пошумување, но проектот е напуштен во 1983 година. Меѓутоа, Пајенг продолжил самостојно да работи на зачувување на островот. Прво садел бамбус, а потоа почнал на островот да носи и садници од други растенија. Резултатот од неговиот повеќедецениски труд е 550 хектари покриени со густо шумско зеленило кое претставува дом за многу животински видови. Индиската влада не била свесна што се случува на островот сè до 2008 година кога крдо диви слонови решило да почне да ја посетува шумата Молај, како што го нарекол своето дело Пајенг. Островот Мајули е сочуван од исчезнување, а упорниот Индиец со своето дело му даде пример на целиот свет.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018

ЗАМИНУВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ АВТОМОБИЛ

Компанијата Фолксваген најавила дека во јули наредната година ќе го запре производството на прочуената „буба“. По речиси седумдесет години сериско производство ширум светот, во текот на кои легендарниот автомобил неколку пати доживеал дизајнерски трансформации, препознатливите контури засекогаш ќе престанат да се произведуваат на производствените ленти. Оригиналниот дизајн на „бубата“ е дело на Фердинанд Порше, а својата најголема популарност ја доживеала кон крајот на шеесетите години од минатиот век.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018

ТАЈНАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА Е ЉУБЕЗНОСТА

Со веќе добро познатиот факт за важноста на здравата исхрана и вежбањето, постои уште една состојка на рецептот за долг живот. Него го препорачала Гертруда Милер, Американка која живеела речиси 117 години. „Љубезноста е моја тајна. Однесувајте се на вистински начин и бидете љубезни кон другите луѓе и тие ќе бидат љубезни кон вас“, открила Гертруда во еден од последните разговори со новинарите.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018