Добре дојдовте во јануари! Месецот кога ги отвораме новите страници...
Новогодишните и божиќните празници претставуваат период на интензивна социјализација, зголемени...
Настинката и грипот се меѓу најчестите сезонски инфекции, особено во...
Шумот од брановите и мирисот на морето обично нè асоцираат на опуштено лежење на пешкир или лежалка. Колку и да е тоа примамливо, сепак, би било добро да ги искористиме сите предности на престојот на свеж морски воздух. Тоа значи дека покрај пливање, секојдневно би можеле да направиме и неколку едноставни вежби.
На едно од најубавите места на брегот на Охридското Езеро, изградена на висока карпа во стариот дел на Охрид, над некогашната рибарска населба Канео, се наоѓа црквата Свети Јован Богослов. Всушност, најпрепознатливата фотографија од Охрид е онаа на која е фотографирана црквата на Канео.
Недостапните места на нашата планета отсекогаш ги интригирале љубопитните меѓу нас. Неистражените копнени пространства со текот на времето се намалувале. Фокусот на јавноста со вселенските летови е свртен кон ѕвездите, и дури во последниве дваесетина години се зголемило интересирањето за подводниот свет. Широката јавност главно се прашувала што има под брановите дури по гледањето на филмот „Титаник“.
Нуркањето како рекреативна активност има бројни поклоници ширум планетава, а туристичките центри во својата понуда обично имаат тури за нуркање кои вклучуваат брзинска обука за користење основна опрема.
Почнува како лесна треска која се спушта низ ’рбетот и го зафаќа абдоменот. Прво личи на настинка, бидејќи обично се јавува малку покачена температура. Проследена е со чувство на непријатност во стомакот кое преминува во стегање, што има за последица мачнина. По неколку часови исклучително непријатно чувство го зафаќа стомакот, придружено со грчеви и гасови, што подоцна може да се манифестира како гадење на храна и вода, нагон за повраќање, а обично се јавуваат и тешки, зачестени водени дијареи.
Морачот е повеќегодишна зелјеста билка со силен и пријатен мирис. Стебленцето е високо до 2 метра. Тркалезно е, ситно набраздено и празно. Листовите се од 3 до 5 пати делени во вид на перја со долги, речиси кончести резени, голи, сиво-сини. Темножолтите и жолтите цветови се собрани во прости штитести цутови. Од 4 до 25 цута градат сложен штит.
На сите ни е добро познато дека непријатното зуење на комарците околу ушите, а за последиците од каснување и да не зборуваме, може да ја упропасти и најубавата летна вечер. Најчесто купуваме индустриски произведени репеленти, меѓутоа не сме секогаш сигурни колку е добро за нас да бидеме изложени на дејството на хемикалиите кои ги содржат.
Најчестите хронични болести кои ги среќаваме во општата популација се хронични кардиоваскуларни болести (хипертензија, срцева инсуфициенција, ангина пекторис), дијабетес мелитус, хронични белодробни болести (астма, хронична опструктивна болест на белите дробови) и хронична бубрежна инсуфициенција.
Во однос на причините за настанување, зачестеноста и траењето, главоболката може да биде акутна или хронична. Ја карактеризираат болни сензации во пределот на главата и делот на вратот, а најчесто ја погодува популацијата помеѓу 25 и 35 години старост. Се јавува почесто кај жени, отколку кај мажи и деца. Ова е здравствена тегоба со која барем еднаш во животот се соочуваат дури над 70% од популацијата. Најчест облик на примарна главоболка е тензична главоболка, а поновите студии укажуваат на тоа дека нејзините потешки облици имаат невролошка причина.
Приказната за очилата за сонце своите почетоци им ги должи на моржевите. Поточно кажано, на нивните бивни слични на слонова коска. Не знаеме колку на моржевите, всушност, им пречело сонцето, но токму од овој материјал уште од праисториско време Инуитите, или Ескимите, правеле очила со ниски процепи за да ги заштитат своите очи од сончевите зраци одбиени од блескавата снежна подлога.
Нашиот нервен систем реагира на нови дразби со создавање поголем број синапси (врски помеѓу нервните клетки). Овој процес е поврзан со складирање податоци во кората на големиот мозок, и колку повеќе стимулации му пружиме во текот на секојдневните активности, толку нашите мемориски способности ќе бидат подобри. Постојат неколку битни фактори кои влијаат на подобрување на памтењето.