Фармацевти
Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОСАМЕНИ

Љубопитно

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОСАМЕНИ

Кинески хирурзи со помош на 5G технологија неодамна извеле две...

ПРОБЛЕМИ СО ТУРИСТИТЕ ВО ЈАПОНИЈА

Кинески хирурзи со помош на 5G технологија неодамна извеле две...

КОЈ ЧИТА, ЖИВЕЕ ПОДОЛГО

Кинески хирурзи со помош на 5G технологија неодамна извеле две...

ГОЛЕМ ЗЕЛЕН ЅИД

Кинески хирурзи со помош на 5G технологија неодамна извеле две...

ОПЕРАЦИЈА НА ДАЛЕЧИНА

Кинески хирурзи со помош на 5G технологија неодамна извеле две...

ПРОШИРЕН СПИСОКОТ НА ЗАГРОЗЕНИ ВИДОВИ

Во текот на последните години дошло до драматичен пад во...

НАЈСКАП АВТОМОБИЛ НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА

Францускиот производител на автомобили Бугати на овогодишниот саем во Женева го претставил автомобилот посветен на легендарниот модел Type 57 SC Atlantic. Модерната верзија на еден од најубавите автомобили во историјата на оваа индустрија е направена од јаглеродни влакна. Посебно внимание е посветено на аеродинамичноста. Рачно работената каросерија е обоена во црно, што влијаело и на називот на автомобилот Bugatti La Voiture Noire (црн автомобил). За погон е употребен моторот 8.0 W16 Quad turbo, со сила од 1 500ks (1 103kW) и 1 600Nm максимален вртежен момент (спецификациите не се разликуваат од моделите Chiron и Divo). Автомобилот е продаден уште пред саемот, а достигнал цена од 16,7 милиони евра, што го прави најскап автомобил на денешнината.

Категорија: Љубопитно

мај 1, 2019

ГЛАСОТ НА РЕМБРАНТ

По повод 350 години од смртта на славниот холандски сликар Рембрант ван Ријн американските научници го реконструирале неговиот глас. Овој проект го нарачала холандската банка ING, главен спонзор на амстердамскиот музеј Ријксмусеум, кој ја има најголемата збирка на дела од Рембрант. Гласот е реконструиран врз основа на автопортетот кој уметникот го насликал во текот на животот. Анатомијата на Рембрантовата глава е репродуцирана во дигитален облик и врз основа на тоа е заклучено како звучел неговиот глас.

Категорија: Љубопитно

мај 1, 2019

СЕЛО ОД БРИТАНСКИТЕ ПАСОШИ

Внатрешните корици на сите британски пасоши се украсени со слика од редот куќи во Арлингтон. Ова живописно селце е наоѓа на југозапад на Англија во Глостешир. Прочуениот ред куќи настанал во 14 век како место каде е складирана волна за потребите на блискиот манастир. Работата со волна била главна преокупација на овдешните жители сè до 19 век. Британскиот поет Вилијам Морис го нарекол Арлингтон најубаво село во Англија, а во одморот во идиличниот предел уживал и јапонскиот цар Хирохито.

Категорија: Љубопитно

мај 1, 2019

Неочекувано побрзи од звукот

Патничкиот авион Боинг 787-9, на летот на компанијата Вирџин Атлантик од Лос Анџелес до Лондон, неодамна стигнал на целта цели 48 минути порано отколку што тоа е вообичаено. За ова придонел силниот ветер со чија помош Боинг, чија нормална брзина е околу 900 км/ч, достигнал неверојатни 1 289 км/ч. Во коментарот за пробивање на звучниот ѕид капетанот на авионот, Питер Џејмс, рекол: Никогаш не сум видел ништо слично во целата своја пилотска кариера.

Категорија: Љубопитно

април 1, 2019