Иако дури 60% од луѓето не се сеќаваат на своите...
Ештон Кофер, млад пронаоѓач, со својот тим успеал да пронајде...
Хотелскиот комплекс Сан Алфонсо де Мар во Чиле е место...
Сите кои сакаат на спектакуларен начин да изведат запросување ќе...
Во текот на потрагата по исчезнатиот малезиски авион се откриени...
Француската Агенција за јавно здравје неодамна ги соопштила резулатите од...
Нил Џемел, научник од Нов Зеланд, го предводи тимот кој ќе земе 300 примероци од водата од различни локации на езерото Лох Нес. Примероците потоа ќе бидат внимателно анализирани, а резултатите би требало да го прикажат биодиверзитетот на анализираната вода. Сите жители на езерото во текот на животот во него оставиле траги од својот генетски материјал. Научниот тим очекува на овој начин конечно да се открие мистеријата на постоењето на прочуената Неси, со оглед на тоа што резултатите ќе бидат споредувани со сите познати видови.
Неволјите на жителите на руското гратче Березники почнале кога градот е направен над рудник за сол, пред повеќе од 140 години. Но, тие за тоа станале свесни дури кога во 2007 среде градот се отворила дупка со ширина од 400 и длабочина од 700 метри. Како резултат на колапсот на подземниот систем на тунели и копови од ден во ден сè повеќе згради тонат и стануваат неупотребливи и опасни за живот. Најверојатниот исход на крај ќе биде иселување на сите 150000 жители и нивно преселување на друга локација.
Оваа титула им припаѓа на сопствениците на пасош кои можат да посетат најголем број земји без виза. Во моментов тоа се жителите на Јапонија, кои со својот пасош можат, без какви било перипетии, да влезат во 189 земји. Тие им го презеле првото место на Германците, победниците во претходните 5 години. Германија сега го дели второто место со Сингапур, со резултат од 188 достапни дестинации. Третото место им припадна на Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шпанија и Шведска.
Прочуената фотографија е направена на 14.3.1951 година во клубот Принстон по прославата на 72. роденден на научникот. Ајнштајн во текот на целата вечер бил на мета на бројни фотографи и трпеливо им позирал. Во моментот кога тргнал кон дома, некој побарал уште една фотографија. Фотографот Арт Сасе успеал да ја забележи реакцијата на тој повик, а на Ајнштајн фотографијата толку му се допаднала па порачал повеќе примероци. Во наредните години ги користел како честитки за пријателите.