Една од основните здравствени препораки кон која би требало да...
Неефикасното трошење на внесените калории е причина за добивање вишок...
Најголемата река која тече низ Македонија и една од поголемите...
Досега се индентификувани над 500 различни растителни пигменти кои припаѓаат...
Оваа пролет светот остана без последниот жив примерок на мажјак...
Истражувањето објавено во списанието Scientific reports укажува на тоа дека...
Швајцарските научници после испитување на остатоци на метеорит кој експлодирал над северен Судан во 2008 година, заклучиле дека тоа небеско тело, всушност, е остаток од „прото планета“, една од десетината планети кои постоеле во нашиот Сончев систем. Дијамантите пронајдени во испитаните примероци може да настанат само под притисок поголем од 20 гигапаскали, што се услови можни само во внатрешноста на големите планети. Ова откритие оди во прилог на теоријата според која денешните планети настанале од остатоци од некогашни небески тела. Тие биле со големина на Марс, со текот на времето срастувале во поголеми планети, се губеле во меѓусебни судири, судири со Сонцето, или заминувале надвор од границите на Сончевиот систем, пред повеќе милијарди години.
Властите во градот Даје, во кинеската провинција Хубеј, решиле непријатно да ги изненадат пешаците кои поминуваат улица на црвено светло. На пет пешачки премини во овој град инсталирале посебни уреди кои емитираат звучно предупредување на пешаците за тоа дали им е дозволен премин. Во случај пешакот, сепак, да тргне преку улица кога не му е време, уредот го прска со млаз вода.
Џек Рејнолд, Британец во години, својот 106 роденден го прославил на, по малку, невообичаен начин за својата возраст. Резултат на тоа е неговиот влез во Гинисовата книга на рекорди, каде е запишан како најстара личност која се спуштила со зиплајн. Спустот бил долг 400 метри, сајлата поставена на 60 метри висина, а Џек „летал“ со брзина од 65 км/ч.
Во текот на бременоста детето престојува во совршени услови, мајчиното тело го грее и го штити од надворешни влијанија. Кожата е негов најголем орган, созрева заедно со него. Нероденото дете плива во амнионската течност, заштитено е од неа со слој на маснотија, кој заедно со влакненцата го покрива целото тело. Се развиваат потни и лојни жлезди, како и нервни завршетоци кои го известуваат за температурата, допирот, болката. По раѓањето кожата е тенка, розеникава, со сложена структура која се навикнува на предизвиците на надворешната средина.