Управата на националниот парк Ред Флит во Јута, САД, предупредила...
Иако сленгот „спиење со риби“ од холивудските филмови со мафијашка...
Се проценува дека во Њујорк моментално живеат повеќе од 600...
На југот од Полска се случила неверојатна сообраќајна незгода. Поради...
Оваа пролет светот остана без последниот жив примерок на мажјак...
Истражувањето објавено во списанието Scientific reports укажува на тоа дека...
Швајцарските научници после испитување на остатоци на метеорит кој експлодирал над северен Судан во 2008 година, заклучиле дека тоа небеско тело, всушност, е остаток од „прото планета“, една од десетината планети кои постоеле во нашиот Сончев систем. Дијамантите пронајдени во испитаните примероци може да настанат само под притисок поголем од 20 гигапаскали, што се услови можни само во внатрешноста на големите планети. Ова откритие оди во прилог на теоријата според која денешните планети настанале од остатоци од некогашни небески тела. Тие биле со големина на Марс, со текот на времето срастувале во поголеми планети, се губеле во меѓусебни судири, судири со Сонцето, или заминувале надвор од границите на Сончевиот систем, пред повеќе милијарди години.
Властите во градот Даје, во кинеската провинција Хубеј, решиле непријатно да ги изненадат пешаците кои поминуваат улица на црвено светло. На пет пешачки премини во овој град инсталирале посебни уреди кои емитираат звучно предупредување на пешаците за тоа дали им е дозволен премин. Во случај пешакот, сепак, да тргне преку улица кога не му е време, уредот го прска со млаз вода.
Џек Рејнолд, Британец во години, својот 106 роденден го прославил на, по малку, невообичаен начин за својата возраст. Резултат на тоа е неговиот влез во Гинисовата книга на рекорди, каде е запишан како најстара личност која се спуштила со зиплајн. Спустот бил долг 400 метри, сајлата поставена на 60 метри висина, а Џек „летал“ со брзина од 65 км/ч.
Гнездата на африканските птици-ткајачи настануваат така што вредните птици преплетуваат трева, создавајќи структура која им нуди сигурен дом. Интересно е дека во тој процес се користат сите основни плетки кои луѓето ги користат во изработкка на ткаени материјали. Овие птици се многу друштвени, а нивните гнезда чесо се и дом за неколку други видови птици. Африканскиот пигмејски сокол е еден од најчестите корисници на ова сместување.