Успехот од искоренувањето на некои заразни болести го должиме на...
Учењето нови вештини нè прави поспособни да се избориме со...
Во текот на идната година во Норвешка ќе биде завршена...
Добата на вселенски летови даде увид во деталите на пределите...
Индиецот Јадав Пајенг над 30 години од својот живот ги...
Компанијата Фолксваген најавила дека во јули наредната година ќе го...
Со веќе добро познатиот факт за важноста на здравата исхрана и вежбањето, постои уште една состојка на рецептот за долг живот. Него го препорачала Гертруда Милер, Американка која живеела речиси 117 години. „Љубезноста е моја тајна. Однесувајте се на вистински начин и бидете љубезни кон другите луѓе и тие ќе бидат љубезни кон вас“, открила Гертруда во еден од последните разговори со новинарите.
Интолеранцијата на лактоза е неможност за варење на млечниот шеќер – лактоза. Кај повеќето луѓе способноста за варење на лактозата се намалува веќе по втората година од животот.
Медот се користи во исхраната на човекот уште од времето на неолитот. Веќе во стариот Египет доаѓаме до податоци за организирано одгледување пчели, а овој многу корисен инсект бил и задолжителен дел од знаците нацртани на гробниците на фараоните. Уште тогаш медот е употребуван и за разубавување.
По прославата на својот седумдесетти роденден и одењето во пензија, Мароканецот Лехасан ес Шакири решил дека е време да го заврши средното училиште. Овој упорен човек во детството морал да го напушти школувањето поради тешката материјална ситуација, но никогаш не престанал да чита и самостојно да се образува. Во текот на животот научил француски и германски јазик, а се надева дека по завршувањето на средното училиште ќе успее да запише и студии по социологија.