Масачусетскиот институт за технологија објавил резултати од истражување според кои...
Оваа година се одржува 69. по ред натпреварување во рамките...
Симптомите како напнатост, страв, претерана загриженост околу секојдневните проблеми, пречки...
Трката на полжави традиционално се одржува во Велика Британија уште...
Градските власти во Виена објавиле податок кој укажува на тоа...
Простатата е жлездест, добро васкуларизиран орган, подложен на периодична физиолошка...
Анатомски гледано, меѓупрешленските дискови се состојат од желатинозно јадро богато со вода и периферен фиброзен прстен кој на дискот му дава цврстина. Под дејство на разни фактори како што се: стареење, генетски предиспозиции, оптоварување, неправилно држење на телото при подигање товар, ревма, воспалителни болести, а понекогаш и без јасно дефинирани причини, доаѓа до дегенерација на дискот и пукање на јадрото и прстенот.
Анемијата претставува намалена вредност на хемоглобинот или црвените крвни зрнца под вредностите кои се нормални за возраста и полот. Изразот се преведува како бескрвност. Иако анемијата може да биде со различен интензитет, и освен во случај на масивно крвавење, никогаш не остануваме без крв. Анемијата може да биде наследна (генетски грешки во градбата на хемоглобинот или во составот на мембраната на еритроцитите), минлива (во текот на болест со зголемена температура), а најчести се оние кои настануваат поради неправилна исхрана. Кај децата се најчести анемиите поради недостиг на железо. Лекарот во согласност со симптомите и анамнезата од исхраната на детето може да се посомнева на постоење анемија.
Модните трендови се менуваат, некогаш во недостиг на инспирација креаторите посегнуваат по рециклажа на старите решенија, некогаш некои модни лудости се носат една сезона и никогаш повеќе. Меѓутоа, тоа не е случај со мантилите за дожд. Ова парче облека едноставно секогаш е актуелно, а покрај тоа е и исклучително практично за есен, пролет, па дури и за благите зимски денови.
Марковиот манастир се наоѓа на крајот на селото Сушица, на левиот брег на Маркова Река, на планината Китка, околу 20 км јужно од Скопје. Сместен во сликовит крајолик, опстојува со векови. Името го добил по Крале Марко и тоа е една од најголемите градби од периодот на неговото владеење која и денес е активна.