Појавувањето на поголема група луѓе еднообразно облечени секогаш има одреден...
Бременоста носи многу промени во женскиот организам, од зголемување на...
Тиквеш или Тиквешија е низина и етногеографска област која се...
Чоколадото во Европа стигнало во 16 век, а денес Европејците...
Иако дури 60% од луѓето не се сеќаваат на своите...
Ештон Кофер, млад пронаоѓач, со својот тим успеал да пронајде...
Хотелскиот комплекс Сан Алфонсо де Мар во Чиле е место каде што можете да уживате во базен кој се протега речиси километар во должина. Најголемата длабочина на тиркизносината вода е 35 метри, а температурата на филтрираната вода од Тихиот Океан е 26 степени. Тука можете да пливате, да нуркате, да едрите и да скијате на вода, сето тоа без опасности кои инаку демнат во океаните. Овој базен е голем колку 6000 стандардни базени.
Сите кои сакаат на спектакуларен начин да изведат запросување ќе мора да се стрпат до 2022 година. Од тогаш ќе биде достапна можноста за лет по патеката по која некогаш одела мисијата Аполо 8. Патот до влезот во Месечевата орбита ќе трае 3 дена, а младенците прво ќе мора да поминат обука во траење од 12 недели. Вселенската капсула за венчавања ќе се движи со брзина од 38000 километри на час. Цената, секако, ќе биде астрономска.
Мозокот е составен од милиони нервни клетки повеќекратно поврзани во фукционални целини, кои координирано ја контролираат работата на сите системи на органи. Мозочното ткиво е заштитено со сложени мембрани, преку кои добива есенцијални хранливи материи, кои потоа ги метаболизира во корисна енергија. До повреда на мозочните функции може да дојде како резултат на физичка траума, болести на крвните садови (мозочен удар), дегенеративни болести на нервниот систем (Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и друго) или секундарно, како последица на други заболувања (дијабетес, малнутриција, карциноми и друго).
Сите знаеме како изгледа кога некое парче облека едноставно мора да го купиме во одреден момент. Го носиме дома, ќе го облечеме еднаш или двапати и потоа го ставаме на сигурно место, во гардероберот, каде во текот на наредните месеци уредно го прескокнуваме при комбинирањето облека. Решението на оваа ситуација обично се движи во два правца. Еден е оној кој подразбира дека когаш-тогаш ќе мора да се решиме од вишокот облека од својот гардеробер, за да ослободиме простор за нова гардероба. Ова, секако, е избор кој го поддржуваме, но, сепак, со мала задршка. Добро погледајте ја облеката која одамна не сте ја облекле и изберете парчиња кои со малку фантазија може да добијат сосема нов изглед. Тоа е тој втор правец, кој, освен што ви дозволува да ја искажете сопствената креативност, придонесува за вашиот буџет, а вас ве прави препознатливи по единствениот моден стил.