Фармацевти
Контакт

БРЕМЕНОСТ И ПАТУВАЊЕ

БРЕМЕНОСТ И ПАТУВАЊЕ

Чувството на среќа не е запишано во ДНК како бојата...

ПЛИВАЊЕ

Напорите кои овој вид тренинг ги наметнува може да бидат...

ВО ПРЕСРЕТ НА ЛЕТОТО

Напорите кои овој вид тренинг ги наметнува може да бидат...

КАМЕНИОТ МОСТ, ДАУТ-ПАШИНИОТ АМАМ И АКВАДУКТОТ ВО СКОПЈЕ

Низ историјата со Скопје владееле многу владетели кои, меѓу другото,...

ВОЛНА, САПУН И ФАНТАЗИЈА

По илјада и илјада години примена филцот е сè уште...

НЕГУВАНА КОСА

Природната ризница изобилува со состојки корисни за нега на косата,...

ОПЕРАЦИЈА НА ДАЛЕЧИНА

Кинески хирурзи со помош на 5G технологија неодамна извеле две операции на пациенти кои биле оддалечени неколку илјади километри од нив. Прво хирург од Пекинг оперирал црн дроб на пациент во Шенжен, а потоа хирургот Линг Жипеј, од клиниката на островот Хајнан, вградил неутрален стимулатор во мозок на пациент во пекиншкиот клинички центар, оддалечен 3 000 километри. Брзината на врската е клучна во комуникацијата помеѓу хирургот и роботизираните инструменти, а 5G технологијата тоа го овозможува.

Категорија:

мај 1, 2019

ПРОШИРЕН СПИСОКОТ НА ЗАГРОЗЕНИ ВИДОВИ

Во текот на последните години дошло до драматичен пад во бројноста на популацијата на арктичкиот морски папагал. Оваа симпатична птица се гнезди во колонии сместени на карпите во Исланд, Гренланд, Њуфаундленд, Ирска и Норвешка. Поради климатските промени, загадувањата на океаните, како и појавата на глувци, мачки и кучиња на териториите на кои овие птици традиционално се гнездат, пореметена е природната рамнотежа. Сите овие фактори се последица на човечката негрижа, а доколку нешто не се промени, овој вид ќе исчезне.

Категорија:

мај 1, 2019

НАЈСКАП АВТОМОБИЛ НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА

Францускиот производител на автомобили Бугати на овогодишниот саем во Женева го претставил автомобилот посветен на легендарниот модел Type 57 SC Atlantic. Модерната верзија на еден од најубавите автомобили во историјата на оваа индустрија е направена од јаглеродни влакна. Посебно внимание е посветено на аеродинамичноста. Рачно работената каросерија е обоена во црно, што влијаело и на називот на автомобилот Bugatti La Voiture Noire (црн автомобил). За погон е употребен моторот 8.0 W16 Quad turbo, со сила од 1 500ks (1 103kW) и 1 600Nm максимален вртежен момент (спецификациите не се разликуваат од моделите Chiron и Divo). Автомобилот е продаден уште пред саемот, а достигнал цена од 16,7 милиони евра, што го прави најскап автомобил на денешнината.

Категорија:

мај 1, 2019

ГЛАСОТ НА РЕМБРАНТ

По повод 350 години од смртта на славниот холандски сликар Рембрант ван Ријн американските научници го реконструирале неговиот глас. Овој проект го нарачала холандската банка ING, главен спонзор на амстердамскиот музеј Ријксмусеум, кој ја има најголемата збирка на дела од Рембрант. Гласот е реконструиран врз основа на автопортетот кој уметникот го насликал во текот на животот. Анатомијата на Рембрантовата глава е репродуцирана во дигитален облик и врз основа на тоа е заклучено како звучел неговиот глас.

Категорија:

мај 1, 2019