Овие лекови внесоа револуционерна промена во медицината, а заедно со...
Изнемоштеност, безволност, болки во зглобовите, нервоза, главоболка, хронично чувство на...
Во животната арена се соочуваме со тешки ситуации и со...
Патничкиот авион Боинг 787-9, на летот на компанијата Вирџин Атлантик...
Припадниците на кинескиот народ Хак веќе речиси илјада години сложно...
Жителите на Јужна Каролина навикнале животниот простор да го делат...
Тим составен од британски и белгиски лекари во Лондон извел вистинско чудо на модерната медицина. Тие ја оперирале 26-годишната Бетани Симсон, која би требало да се породи во април, поточно кажано, го оперирале нејзиното неродено бебе. Кај бебето е установена дијагноза тежок облик на спина бифида, пореметување во развојот на ’рбетниот мозок. Во над 80 % од случаите кај ваквата дијагноза се советува прекин на бременоста. Меѓутоа, тимот од хирурзи упеал да го оперира бебето и по интервенцијата да го врати во матката, каде ќе продолжи да се развива до породувањето. Ова е четврти случај на изведување ваква операција во Велика Британија. Комплицираната хируршка процедура првобитно е развиена во Белгија, а лекарите се надеваат дека во иднина ќе можат да помогнат на поголем број бебиња со ваква тешка дијагноза.
Во рамките на подготовките за испраќање човечки експедиции на Марс, стручњаците од агенцијата НАСА дошле до заклучок дека присуството на духовити личности во тимот е еден од битните фактори за успех на мисијата. Кога живеете долго со некого во ограничен простор, тензиите може да се зголемат. Од витално значење е да имате некој кој ќе се труди сите да се согласуваат, за да можат да ја работат својата работа, да стигнат на одредиштето и безбедно да се вратат – истакнал Џефри Џонсон, професор по антропологија на Универзитетот во Флорида
Непријатностите кои ги носи нападот на мигрена може да бидат ублажени со користење проверени растителни препарати.
На секој човек во одрeден период од животот може да му се случи појава на уринарна инфекција, а одредени состојби и болести како дијабетес, мултипла склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик-фактори за појава на вакви инфекции. Најчест предизвикувач на уринарни инфекции е бактеријата Escherichia coli, која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други бактерии кои предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, ентерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливи болести ‒ хламидија и микоплазма.