Управата на националниот парк Ред Флит во Јута, САД, предупредила...
Иако сленгот „спиење со риби“ од холивудските филмови со мафијашка...
Се проценува дека во Њујорк моментално живеат повеќе од 600...
Долго очекуваниот одмор е пред вас. Без разлика дали сте...
Алергиски ринитис е воспалителна реакција на носната слузница која се...
Шумот од брановите и мирисот на морето обично нè асоцираат на опуштено лежење на пешкир или лежалка. Колку и да е тоа примамливо, сепак, би било добро да ги искористиме сите предности на престојот на свеж морски воздух. Тоа значи дека покрај пливање, секојдневно би можеле да направиме и неколку едноставни вежби.
На едно од најубавите места на брегот на Охридското Езеро, изградена на висока карпа во стариот дел на Охрид, над некогашната рибарска населба Канео, се наоѓа црквата Свети Јован Богослов. Всушност, најпрепознатливата фотографија од Охрид е онаа на која е фотографирана црквата на Канео.
Недостапните места на нашата планета отсекогаш ги интригирале љубопитните меѓу нас. Неистражените копнени пространства со текот на времето се намалувале. Фокусот на јавноста со вселенските летови е свртен кон ѕвездите, и дури во последниве дваесетина години се зголемило интересирањето за подводниот свет. Широката јавност главно се прашувала што има под брановите дури по гледањето на филмот „Титаник“.
Нуркањето како рекреативна активност има бројни поклоници ширум планетава, а туристичките центри во својата понуда обично имаат тури за нуркање кои вклучуваат брзинска обука за користење основна опрема.
Почнува како лесна треска која се спушта низ ’рбетот и го зафаќа абдоменот. Прво личи на настинка, бидејќи обично се јавува малку покачена температура. Проследена е со чувство на непријатност во стомакот кое преминува во стегање, што има за последица мачнина. По неколку часови исклучително непријатно чувство го зафаќа стомакот, придружено со грчеви и гасови, што подоцна може да се манифестира како гадење на храна и вода, нагон за повраќање, а обично се јавуваат и тешки, зачестени водени дијареи.