Од обична работна облека до ревии на висока мода, навистина...
Од обична работна облека до ревии на висока мода, навистина...
Едноставно не постои можност да ги имате премногу во гардероберот.
Со едноставен крој, променлива должина во зависност од желбите и...
Некои детали во облеката едноставно одбиваат да излезат од мода...
Модните трендови се менуваат, некогаш во недостиг на инспирација креаторите...
Појавувањето на поголема група луѓе еднообразно облечени секогаш има одреден ефект врз нашето внимание. Едноставно не е можно да останат незабележани. Во зависност од околностите, емоциите кои ваквата средба ги предизвикува може да бидат позитивни и негативни. Меѓутоа, глетката на деца во училишна униформа најчесто асоцира на одреден вид уреден систем и доверба. Во времињата кога овие категории недостигаат, ова е, секако, убава слика.
Шеширите се составен дел од секојдневието на човекот веќе илјадници години. Носени од практични причини, како заштита од сонце и дожд, од церемонијални причини, во тек на религиски обреди. Го означувале социјалниот статус, политичките определувања, а некогаш биле и само она што се главно и во денешно време ‒ моден детаљ кој го заокружува вашиот стил на облекување.
Приказната за очилата за сонце своите почетоци им ги должи на моржевите. Поточно кажано, на нивните бивни слични на слонова коска. Не знаеме колку на моржевите, всушност, им пречело сонцето, но токму од овој материјал уште од праисториско време Инуитите, или Ескимите, правеле очила со ниски процепи за да ги заштитат своите очи од сончевите зраци одбиени од блескавата снежна подлога.
Големите корпорации, сериозни фирми, како и бројни државни институции, на своите вработени им даваат јасни инструкции во врска со правилата за избор на облека во која можат да се појават на работното место. Дури и таму каде што дрес-кодот не е толку строг постојат одредени непишани правила на кои треба да се придржувате. Меѓутоа, постоењето правила не значи нужно и апсолутна униформираност. Со малку ангажирање е можно да се изгради сопствен препознатлив моден стил, кој ни во еден сегмент не ги крши пропишаните правила, а, сепак, се издвојува од просекот со својата оригиналност.