Фармацевти
Контакт

Алигатори во чудна боја

Љубопитно

Алигатори во чудна боја

Жителите на Јужна Каролина навикнале животниот простор да го делат...

Хируршки подвиг!

Тим составен од британски и белгиски лекари во Лондон извел...

НАСА ги испраќа шегаџиите на Марс

Во рамките на подготовките за испраќање човечки експедиции на Марс,...

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПИВОТО

Иако многумина решението против глобалното затоплување го бараат во добро...

ЛЕТ ОД 11 000 КМ БЕЗ ПРЕСТАН

Црвеноопашната блатарка (Limosa lapponica) е птица способна за неверојатни подвизи....

ВЕШТАЧКА МЕСЕЧИНА НАД ЧЕНГДУ

Подолго време во научната јавност се зборува за кинескиот проект...

САГРАДА ФАМИЛИЈА СТАНУВА ЛЕГАЛНА ГРАДБА

Градските власти на Барселона во 2015 година започнале преговори за статусот на прочуената градба. Имено, повеќе од 130 години ова ремек-дело на архитектурата се гради без потребни дозволи. Парцелата на која се наоѓа во 1995 година е означена како празна, во сопственост на црквата. Краен договор е постигнат и во градската каса ќе бидат уплатени 36 милиони евра. Средствата ќе бидат употребени за подобрување на градскиот превоз.

Категорија: Љубопитно

декември 1, 2018

НАЈСКАПА ТЕЧНОСТ НА СВЕТОТ

Отровот од средоземната жолта скорпија е предмет на бројни медицински истражувања. Се очекува дека неговата примена ќе биде од корист во идентификација на големината и местата на кои се наоѓа канцерот. Отровот се извлекува рачно, а една скорпија во просек може да произведе до два милиграми. Поради тежината на собирањето и зголемената побарувачка еден галон (околу 3,8 л) достигнува цена од 34 милиони евра.

Категорија: Љубопитно

декември 1, 2018

НАЈВИСОК ДРВЕН СОЛИТЕР НА СВЕТОТ

Во текот на идната година во Норвешка ќе биде завршена изградбата на највисоката зграда во светот со дрвена конструкција. Сместена стотина километри северно од Осло, на брегот на езерото Мјос, овој градителски потфат ќе биде висок 85,4 метри, и ќе има осумнаесет ката. Во изградбата е користено ламинирано дрво, а поборниците на ваквата градба тврдат дека тоа е еколошки исправно решение кое ќе влијае на намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018

ДАЛИ АТЛАНТИДА Е ЗАТРУПАНА СО ПЕСОК?

Добата на вселенски летови даде увид во деталите на пределите на Земјата кои не е можно да се познаат од тлото. Еден од примерите на таквите откритија е т.н. „око на Сахара“, мистериозна кружна трансформација со пречник од 40 километри која се наоѓа на територијата на Мавританија. Геолошката формација Ришат се состои од неколку концентрични прстени со правилен облик. Додека некои научници се уверени дека тоа е последица на поместување на континенталните плочи, други веруваат дека токму тука е скриена Атлантида.

Категорија: Љубопитно

ноември 1, 2018