Фармацевти
Контакт

МОМЧЕ ПРОНАШЛО НАЧИН ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ СТИРОПОР

Љубопитно

МОМЧЕ ПРОНАШЛО НАЧИН ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ СТИРОПОР

Ештон Кофер, млад пронаоѓач, со својот тим успеал да пронајде...

БАЗЕН ОД ОСУМ ХЕКТАРИ

Хотелскиот комплекс Сан Алфонсо де Мар во Чиле е место...

ЗАПРОСУВАЊЕ НАД МЕСЕЧИНАТА

Сите кои сакаат на спектакуларен начин да изведат запросување ќе...

17 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ДНОТО НА МОРЕТО

Во текот на потрагата по исчезнатиот малезиски авион се откриени...

МИЛИОН ПУШАЧИ ПОМАЛКУ ВО ФРАНЦИЈА!

Француската Агенција за јавно здравје неодамна ги соопштила резулатите од...

ДНК ЧУДОВИШТА ОД ЛОХ НЕС

Нил Џемел, научник од Нов Зеланд, го предводи тимот кој...

Град кој тоне

Неволјите на жителите на руското гратче Березники почнале кога градот е направен над рудник за сол, пред повеќе од 140 години. Но, тие за тоа станале свесни дури кога во 2007 среде градот се отворила дупка со ширина од 400 и длабочина од 700 метри. Како резултат на колапсот на подземниот систем на тунели и копови од ден во ден сè повеќе згради тонат и стануваат неупотребливи и опасни за живот. Најверојатниот исход на крај ќе биде иселување на сите 150000 жители и нивно преселување на друга локација.

Категорија: Љубопитно

август 1, 2018

„НАЈЈАК ПАСОШ“ ВО СВЕТОТ

Оваа титула им припаѓа на сопствениците на пасош кои можат да посетат најголем број земји без виза. Во моментов тоа се жителите на Јапонија, кои со својот пасош можат, без какви било перипетии, да влезат во 189 земји. Тие им го презеле првото место на Германците, победниците во претходните 5 години. Германија сега го дели второто место со Сингапур, со резултат од 188 достапни дестинации. Третото место им припадна на Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шпанија и Шведска.

Категорија: Љубопитно

август 1, 2018

ЗОШТО АЈНШТАЈН СЕ ИСПЛАЗИЛ?

Прочуената фотографија е направена на 14.3.1951 година во клубот Принстон по прославата на 72. роденден на научникот. Ајнштајн во текот на целата вечер бил на мета на бројни фотографи и трпеливо им позирал. Во моментот кога тргнал кон дома, некој побарал уште една фотографија. Фотографот Арт Сасе успеал да ја забележи реакцијата на тој повик, а на Ајнштајн фотографијата толку му се допаднала па порачал повеќе примероци. Во наредните години ги користел како честитки за пријателите.

Категорија: Љубопитно

јули 1, 2018

ТУРИСТИ УНИШТУВААТ ФОСИЛИ

Управата на националниот парк Ред Флит во Јута, САД, предупредила на тоа дека туристите, мислејќи дека фрлаат камења во локалното езеро, всушност, ги уништуваат фосилните остатоци стари околу 200 милиони години. Во текот на последната година се исчезнати повеќе од десет праисториски остатоци од раптори. Во обид да се поправи штетата, ангажирани се нуркачи. Меѓутоа, драгоцените фосили се или скршени поради удар, или неповратно оштетени од дејството на водата.

Категорија: Љубопитно

јули 1, 2018