
Се смета дека дијарејата при патување е еден од најчестите...

Улкус или чир претставува оштетување во гастроинтестиналната слузокожа настанато како...

Без разлика дали на одмор сте тргнале со сопствен автомобил...

Се проценува дека 20 проценти од паровите имаат проблем со...

Летните топли денови се повик за сите разладувањето да го...

Секој од нас ги почувствувал изгорениците од сонце. Црвенило, болка...
Алергиски ринитис е воспалителна реакција на носната слузница која се јавува после допир со алергени од околината. Некои луѓе имаат алергиски ринитис само во одреден период од годината, напролет или наесен (сезонски ринитис или поленска треска). Некои луѓе може да го имаат во кој било период од годината (несезонски ринитис или целогодишен). Според податоците на Светската здравствена организација, 10-25% од луѓето во светот имаат некој облик на алергиски ринитис.
Најчестите хронични болести кои ги среќаваме во општата популација се хронични кардиоваскуларни болести (хипертензија, срцева инсуфициенција, ангина пекторис), дијабетес мелитус, хронични белодробни болести (астма, хронична опструктивна болест на белите дробови) и хронична бубрежна инсуфициенција.
Во однос на причините за настанување, зачестеноста и траењето, главоболката може да биде акутна или хронична. Ја карактеризираат болни сензации во пределот на главата и делот на вратот, а најчесто ја погодува популацијата помеѓу 25 и 35 години старост. Се јавува почесто кај жени, отколку кај мажи и деца. Ова е здравствена тегоба со која барем еднаш во животот се соочуваат дури над 70% од популацијата. Најчест облик на примарна главоболка е тензична главоболка, а поновите студии укажуваат на тоа дека нејзините потешки облици имаат невролошка причина.
Нашиот нервен систем реагира на нови дразби со создавање поголем број синапси (врски помеѓу нервните клетки). Овој процес е поврзан со складирање податоци во кората на големиот мозок, и колку повеќе стимулации му пружиме во текот на секојдневните активности, толку нашите мемориски способности ќе бидат подобри. Постојат неколку битни фактори кои влијаат на подобрување на памтењето.